Иранската револуционерна гарда: „Ова е одмазда“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападот врз Израел бил како одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах.

Да потсетиме дека лидерот на Хамас Исмаил Ханија беше убиен во Техеран во јули, додека лидерот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен минатата недела во Бејрут. Иранската гарда додаде дека целите на денешниот напад биле важни бази и дека деталите ќе ги соопштат подоцна. 

Израелското воено радио тврди дека речиси 200 проектили биле истрелани од Иран кон Израел.