Иранските напади врз воените бази што ги користат САД на Блискиот Исток во првите две недели од конфликтот предизвикаа штета од околу 800 милиони долари, според најновата анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) и Би-Би-Си.
Поголемиот дел од штетата, според извештајот, е нанесена во првите одмазднички напади на Иран откако САД и Израел го започнаа конфликтот.
Проценките покажуваат дека штетата во вредност од 485 милиони долари е предизвикана од ударите врз радарските системи за ракетна одбрана Тхад во Јордан, додека дополнителни 310 милиони долари штета е регистрирана на згради, објекти и инфраструктура во американските бази во регионот.
