Иселувањето на младите ги остави постарите сами, спасот е програмата за грижа на стари финансирана од Светска банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу млади луѓе ја напуштаат земјата или одат од еден во друг град за подобар живот, но последиците од тоа ги чувствуваат и постарите кои остануваат сами дома и без грижа.

„Домашна грижа за стари лица“ е името на програмата на Светска банка во соработка со Министерството за труд и социјална политика каде преку Црвениот крст испраќаат обучени и сертифицирани негуватели да се грижат за старите лица кои живеат сами и се без грижа.

Во Кичево има околу 56 стари лица кои ја користат оваа услуга за нега, а една од нив е Даница Атанасовска, која е презадоволна од оваа програма и ужива во тоа што има човек кој се грижи за неа и поминува неколку часа неделно заедно со неа.

Во Кичево има 20 негуватели кои се грижат за стари лица. Ова е Милена Матевска, една од негувателките каде, како што вели мајка Даница, не може да функционира без Милена.

Ана Божиновска, координатор на проектот, вели дека корисниците се задоволни и дека сметаат дека оваа програма ќе продолжи и понатаму.

Долга е листата на чекање за згрижување стари лица, вели Ивана Лазеска од Црвениот крст.

Во Кичево нема старечки дом каде што истите луѓе би можеле да престојуваат и да добијат соодветна грижа, па оваа програма која функционира веќе 2 години во Кичево ги израдува старите лица.