Советот на јавните обвинители на денешната седница официјално ја именуваше Искра Хаџи-Василева за нова раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), пренесува ТВ21.
Одлуката за нејзиниот избор ќе стапи во сила на 14 ноември 2026 година, кога официјално му истекува мандатот на досегашниот раководител на ова обвинителство, Ислам Абази.
На истата седница, Советот на јавните обвинители донесе одлука Ислам Абази да биде распореден во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.
Инаку, Хаџи-Василева беше избрана за нова раководителка на ОЈО ГОКК откако на гласањето освои 64 гласа, додека нејзиниот противкандидат, обвинителот Трајче Пеливанов, доби 57 гласа.
Со стапувањето во сила на одлуката на 14 ноември, Хаџи-Василева и официјално ќе го преземе раководењето со обвинителството надлежно за гонење организиран криминал и корупција.
