Новиот трговски центар во Скопје Ист Гејт Мол почна со работа! Денеска и официјално ги отвори вратите за потрошувачите. Како ново срце на Скопје, Ист Гејт Мол е нов, оригинален и уникатен трговски центар на ниво на европските метрополи, со модерен архитектонски концепт и нова генерација на дизајн на ентериерот за комерцијални објекти кои го претставуваат трговскиот центра во уникатно светло.
Со вкупна површина од околу 160.000 м2, овој трговски центар реализираше 1500 нови вработувања и поседува 220 дуќани кои нудат избор од над 600 брендови, од кои 40 се сосема нови и ги имаме за прв пат во земјава.
„Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на земјава и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Идејата за овој мол пона пред неколку години, а спроведувањето пред 26 месеци и имаше многу гласини за гигантска зграда од 160 илјади м2, со над 600 брендови и гигантски паркинг со 2 илјади паркинг места“, истакна Сотирос Јанакудакис.
Новиот трговски центар кој се наоѓа на локација на поранешниот скопски саем, според менаџментот, се очекува да привлече 12 милиони посети годишно. Освен домашните посетители, се очекуваат редовни посетители од Србија, Грција, Косово и Албанија. Трговскиот центар е дел од мултифункционалниот проект Скопје Ист Гејт кој предвидува изградба на резиденцијален комплекс и канцеларии со бруто површина од над 500.000 м2.
