Истекува рокот: Српските граѓани досега предале 78.103 парчиња оружје и експлозивни направи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставничката на Министерството за внатрешни работи (МВП), Бојана Пјановиќ Отовиќ, изјави дека од 8 мај до денеска граѓаните на полицијата и предале 78.103 парчиња оружје и мински експлозиви.

Таа за РТС изјави дека се предадени 57.651 парче оружје и 20.451 парче мини и експлозивни направи и потсети дека рокот за предавање на нелегалното оружје без последици истекува утре.

Таа додаде дека се предадени 2.692.641 парчиња муниција.

Граѓаните до утре, 8 јуни, без никакви криминални или други последици можат да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица.

Акцијата е покрената по две масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево.