Истражителите за борба против корупцијата упаднаа во канцеларијата на шефот на кабинетот на Зеленски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членови на Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (SAPO) од утрово вршат претреси во канцеларијата на Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, во владиниот округ на Киев. Оваа акција се случи во екот на голема антикорупциска истрага што го тресе украинскиот енергетски сектор, пишува Украинска правда.

Новинарите на терен објавија дека околу 10 офицери на НАБУ и САПО влегле во владиниот округ, а фотографиите од местото на настанот го потврдуваат нивното присуство. Порталот „Украинска правда“ се обидува да добие официјален коментар од НАБУ за деталите и причините за оваа операција.

Иако официјалните причини за претресот сè уште не се потврдени, настаните се поврзани со големиот корупциски скандал „Мидас“. Директорот на НАБУ, Семен Кривонос, на 25 ноември објави дека очекува истрагата да се прошири и на списокот да бидат додадени нови осомничени.

На 10 ноември, НАБУ откри голема корупциска шема во енергетскиот сектор, објавувајќи аудио снимки од разговори меѓу вклучените лица. Претходно, беа спроведени претреси во домовите на бизнисменот Тимур Миндич и тогашниот министер за правда Херман Халушченко. Извори открија дека Миндич ја напуштил Украина само неколку часа пред претресите.

ден ден подоцна, на 11 ноември, истражителите ги идентификуваа сите осомничени во истрагата за „Енергоатом“.