Шри Ланка поради поплавите ги затвора училиштата, бројот на жртви се искачи на 56 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето во Шри Ланка се искачи на 56, соопштија официјални лица.

Владата ги затвори сите владини канцеларии и училишта, а повеќе од 600 куќи беа оштетени, објави АП.

Тешките временски услови во земјата започнаа минатата недела, а обилните дождови во четврток ја влошија ситуацијата, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и штети на патиштата и обработливото земјиште.