НОВОТО истражување нè потсетува на важноста од инкорпорирање на тренинг за сила во нашите режими за вежбање. Имено, ваквиот тренинг резултира со подолг животен век во комбинација со аеробни вежби.
Според сегашните упатства за физичко здравје, возрасните треба да добиваат најмалку два часа тренинг за сила и два и пол часа умерена до енергична аеробна активност секоја недела. Имено, откриено е дека оние постари од 65 години, кои вежбале сила од два до шест пати неделно, живееле подолго од оние кои тренирале помалку од два пати неделно.
„Секој вид физичка активност беше поврзана со помал ризик од смртност од сите причини кај постарите возрасни лица“, изјави авторот на студијата д-р Брајант Вебер за Си-Ен-Ен.
Кога испитаниците се фокусирале на вежби кои ја зголемуваат силата, издржливоста и мускулната маса, тие имале 10 отсто помал ризик од смртност, додека оние кои се занимавале само со аеробни вежби имале 24 отсто помал ризик од смртност. д-р. Вебер вели дека оние кои ги комбинирале и двете имале 30 отсто помал ризик.
Наодите, објавени во списанието JAMA Network Open, се однесуваат на сите возрасни групи, вклучувајќи ги и постарите.
„Ова откритие сугерира дека аеробната и физичката активност за зајакнување на мускулите е вредна во текот на целиот животен век“, додава д-р Вебер.
Преку студијата, истражувачите на крајот заклучија дека сегашните здравствени упатства се важни за возрасните од сите возрасти, вклучително и оние од 85 години и постари.
