Истражување: Физичката активност ја „лекува“ ковид депресијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Физичката активност за 20% го смалила ризикот од емотивни и психолошки проблеми во време на минатогодишниот карантин, покажуваат резултатите од испитувањето спроведено во Италија, а ги пренесува „Санта“, весник наменет за здравствените работници.

На примерок од 187 илјади студенти, професори и други универзитетски работници, утврдено е дека од анксиозност и депресија за време на карантин, повеќе страдале оние кои престанале да се занимаваат со спорт.

Истражувањето, во кое учествувале неколку италијански универзитети, покажале дека тешки последици од промената на начинот на живот ги погодиле лицата кои никогаш не се занимавале со спорт, а дури 50% од оние кои ја прекинале активноста во текот на пандемијата, биле изложени на поголем ризик од емотивно-психолошки проблеми.