Истражување покажало дека диоптриските очила штитат од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Личности кои носат диоптриски очила имаат два до три пати помали шанси да се заразат со коронавирусот, во однос на оние кои не ги носат. Тоа е така затоа што оние со очила, помалку ги тријат очите.

Тоа покажало едно мали истражување во Индија, спроведено на лица помеѓу 10 и 80 години кои пријавиле симптоми на вирусот.

19% од испитаниците одговориле дека наочарите ги носат подолго во дено, најмалку осум часа на ден.

„Студијата покажала дека ризокот од зараза со Ковид-19 бил два до три пати помал меѓу популацијата која носи очила, во однос на оние кои не носат“, пишува британскиот „Сандеј Телеграф“.

Поединци се навикнуваат да го чепкаат лицето во просек 23 пати на час, а очите просечно три пати за еден час.

Кинеските стручњаци минатата година востановиле дека меѓу пациентите со Ковид-19, имало пет пати помалку лица кои носеле очила со диоптрија.