Италија, со указ потпишан од премиерот Џузепе Конте, продолжи до 15 февруари серија ограничувања поради пандемијата на коронавирусот, вклучително и носење заштитни маски и ноќен полициски час.
Повеќе од милион луѓе досега се вакцинирани во Италија. Патувањето меѓу регионите и автономните покраини сè уште е забрането, освен ако не е потребно.
Скијачките центри исто така се затворени до 15 февруари, како и базените и спортските сали.
Сепак, повеќето средношколци ќе се вратат во училиштата од понеделник, додека еден, помал дел, ќе продолжи да ја следи наставата преку интернет.
Полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот наутро ќе важи до 3 март. Од недела, мерките најверојатно ќе бидат засилени во Ломбардија, Сицилија и балканскиот регион.
Италија пријави 477 смртни случаи денес, а 522 вчера.
Дневниот број на новозаболени е 16 146 во споредба со вчерашните 17 246.
Досега, повеќе од милион луѓе се вакцинирани во таа земја, а премиерот Конте им се заблагодари на граѓаните и здравствените служби за, како што напиша на Фејсбук, „овој исклучителен одговор“.
„Италија е прва земја во ЕУ според бројот на вакцинирани“, се пофали премиерот.
Италија пријави 81.325 смртни случаи од почетокот на пандемијата во февруари минатата година, што ја прави шеста по големина смртност од коронавирус во светот.
Вкупно 2,35 милиони луѓе се заразени низ целата земја.
