Како мерка против ширењето на коронавирусот, Италија одлучи сите судови да ги затвори до 31 мај.
До сега во земјата починаа 197 лица, од кои дури 49 во последниве 24 часа. Пријавени се 3.916 заразени лица.
Владата во средата одлучи сите спортски натпревари, вклучувајќи ја и Серија А, ќе се играат пред празни трибини до 3 април.
„Засега нема назнаки кои ни кажуваат дека КОВИД-19 ќе исчезне во лето како нормалниот грип“, изјави експертот за пандемски болести д-р Марк Рајан.
Илјадници луѓе веројатно ќе останат заробени на крузерот „Гранд принсес“, кој се наоѓа во меѓународни води покрај брегот на Сан Франциско, откако 21 од 46-те тестирани на коронавирус биле позитивни. Од нив, 19 се членови на екипажот.
Претседателот Трамп порача дека не му се допаѓа идејата патниците од крузерот да се симнат на почвата во САД, но додава дека ќе ја послуша струката.
На бродот има 2.422 гости и 1.111 членови на екипажот и меѓу нив има доста Американци и Британци.
„Би сакал бројките со заразени да останат какви што се. Не ни треба нивно удвојување поради еден брод кој не е наша грешка“, посочи Трамп.
Според последните информации, со коронавирусот се заразени над 102.000 луѓе, а починале речиси 3.500.
