Италијански град им забрани на жителите тешко да се разболат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанското село Белкастро во областа Калабрија им забрани на своите жители „тешко да се разболуваат поради тоа што во областа нема здравствени услуги“, пишува Би-Би-Си.

На жителите на Белкастро им е „наредено да избегнуваат какви било заболувања кои бараат итна медицинска помош“, се вели во декретот на градоначалникот Антонио Торчија.

Торчија нагласи дека овој потег е „очигледно хумористична провокација“, но дека има поголемо влијание од писмата што тој ги испрати до регионалните власти предупредувајќи за проблеми во локалниот здравствен систем.

Околу половина од 1.200 жители на Белкастро се постари од 65 години, најблиската здравствена установа е оддалечена повеќе од 45 километри, а патот до неа е со ограничување од 30 километри на час, рече градоначалникот.

Докторот кој пристигнува во селото на повик е достапен само спорадично и не работи за викенд, за празници или надвор од работното време.