Италијанците ги „опустошија“ продавниците по воведување на карантинот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради ситуацијата со коронавирусот, цела Италија од синоќа е во карантин. Граѓаните смеат да се движат само во итни ситуации и со поседување на сертификати. Некои компании ги откажаа летовите кон таа земја, а Италијанците ги „опустошија“ маркетите.

„Ќе потпишам одредба која ќе се сведе на „Седете дома“. Целата земја ќе биде заштитена зона“, најави премиерот Конте вчера и целата земја ја стави во карантин.

„Немаме повеќе време за губење. Податоците зборуваат дека ширењето на заразата е огромна. Има хоспитализирани, за жал и починати. Мораме да ги смениме тие навики“, најави Конте.

Синоќа голем број на италијански жители веднаш заминале во маркетите за да купат резерви за дома.

Училиштата и факултетите нема да работат, а сите културни и спортски настани се одложени.