Итно да се вработат сите невработени лекари – Тачи: Болницата во Лешок да се пренамени во клинички центар за заразените

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДПА побара болницата во село Лешок да се пренамени во клинички центар  за лекување на пациенти заразени со Ковид-19. Тачи истакна дека претставува голема опасност овие пациенти да бидат хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово.

„Лекар или хирург не треба да има врска со прашањето за коронавирусот со пациенти или сомнителни, како пациент кој се движи во хируршката клиника, тоа е скандалозно, затоа предлагаме денеска болницата за белодробни заболувања во село Лешок да се пренамени во Инфектолошка клиника за да се спречи ширењето на вирусот“, истакна Мендух Тачи.

Тачи рече дека на следната седница на владата ќе предложи сите невработени лекари да се вработат со одлука на владата и веднаш да добијат работно место.

„На првата владина седница ќе предложиме сите невработени лекари да се вработат со одлука на владата и веднаш да добијат работно место“, додаде Тачи.

ДПА смета дека досегашните мерки не се доволни, и аплеираше до граѓаните да останат во изолација 24 часа.