Иван, на кого му беше трансплантирано срце, заминува на домашно лекување – Филипче: Горд сум што испишавме историја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иван, пациентот на кому му беше трансплантирано срце, денеска ќе биде отпуштен од Клиниката за кардиохирургија, и ќе замине на домашно лекување. Него го посетија министерот Венко Филипче и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Филипче на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека е горд што е испишана историја во јавното здравство.

„Денеска пациентот Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.

Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти!“, напиша Филипче.