Ивент-организаторите се сретнаа со Битиќи – „Конструктивна средба, но со разлики за одредени прашања“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради секојдневните протести на Асоцијацијата на ивент индустријата пред владината зграда, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска ги покани во Влада претставниците од овој сектор за да поразговараат околу нивните барања. Маjа Бабиќ, од Секторот за организирање настани рече дека одржале конструктивна средба, но дека остануваат разликите за одредени прашања.

По средбата, Владата излезе со соопштение со дел од договорените точки:

-Компаниите со поголема загуба ќе добијат повеќе бодови при оценувањето, а ќе можат да аплицираат сите компании со пад на приход поголем од 30%;
-Еден подизведувач нема да може да се најде на повеќе од 7 пријави за предлог-проекти, со цел да се оневозможи монополизација во делот на подизведувачите;
-Спортските настани посветени на „30 години независност“ ќе бидат додадени како тип на настани за кои може да се аплицира.

Претставниците на ивент-организациите бараат финансиска помош, бидејќи, како што велат, поради пандемијата овој сектор не може да „опстане“.