Претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Шакир Фетаи, денеска ја испрати последната група аџии кон светите места за извршување на Хаџот, јавува ТВ21.
Од ИВЗ информираат дека се преземени сите неопходни мерки за организација на годинашниот Хаџ, а на аџиите им посакаа среќен пат, добро здравје и прифатен Хаџ.
Според соопштението, во годинашниот аџилак ќе учествуваат вкупно 2020 верници од земјава.
