ИВЗ одлучи: Џамиите се отвораат на 12 мај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Исламската верска заедница (ИВЗ) на вчерашниот вонреден состанок одлучи џамиите за молитви на верниците да бидат отворнеи на 12 мај.

Од ИВЗ надополнуваат дека внимателно го следат подобрувањето на здравствената ситуација во земјата, со намалување на бројот на заразени со коронавирусот.

„На вонредниот состанок одржан на 7.5.2020 донесена е одлука од 12 мај 2020, вторник, џамиите да се отворат за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски. Одлуката стапува во сила веднаш“, се вели во соопштението.

Од ИВЗ се надеваат дека оваа одлука ќе наиде на разбирање кај надлежните државни институции.