Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи на својот Фејсбук профил објави писмо кое го испратиле до Владата пред два дена и во кое се противат за воведување на полициски час, односно забрана за движење за време на празникот Рамазан Бајрам.
Исто така, ИВЗ соопштила и дека нема да ги откаже молитвите за празникот.
Објавувањето на писмото доаѓа откако и министерот Венко Филипче потврди дека бараат од Владата да се прогласи полициски час кој ќе трае од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот наутро.
