Избегната огромна трагедија на аеродром во Њујорк: Авион избегнал судир со четири авиони

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Авион на компанијата „Свис Ер“ за малку ќе се судрил со четири авиони на аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк, откако поради грешка во комуникацијата со контролната кула, леталата завршиле на пистата во исто време.

Инцидентот се случил минатата недела, но дури сега бил откриен, и истиот го истражува Федералната управа за воздухоплоството, откако пилотот видел што се случува и во последен миг го прекинал полетувањето.

Во меѓувреме се огласило раководсвото на компанијата.

„Поради високото ниво на свест и брза реакција на нашите членови на екипажот, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се ведува во соопштението на „Свис Ер“.

Роберт Сумвалт, извршниот директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на универзитетот Ембри-Ридл рече дека се случила ситуација во која двајца контроли на лет не комуницирале добро.

„Тоа е целосно неприфатливо“, изјави тој.

Џон Ненс стручњак за воздухопловство и соработник на „Еј-Би-Си њуз“ објасни дека движење на четири авиони преку активна писта е многу стресно, особено ако има лоша комуникација помеѓу двата контролори.