Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, Савески: Сите пет кандидати се докажани професионалци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево се очекува да се објави кој ќе биде новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а веќе во овие моменти треба да се затворeни избирачките места. Право на глас имаат 187 обвинители, а во трката за прв човек на ова обвинителство се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

За нов претседател на Обвинителството гласаше и републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, кој рече дека според него сите пет кандидати се докажани професионалци.

„Станува збор за пет кандидати кои што навистина можам да кажам дека се сите докажани професионалци, кој и да биде избран нема да биде погрешен избор, напротив сите имаат свои професионални капацитети за кои што верувам дека секој од нив подеднакво ќе може да одговори на задачата која што претстои пред тој јавен обвинител“, изјави Савески.