Избори во Австрија: Во парламентот влегуваат пет партии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нема поголема промена во резултатите од вчерашното гласање.

Екстремната десница – Австриската партија на слободата (FPÖ) – останува прва политичка сила со 29,2%. За прв пат партијата победи на парламентарните избори.

Втора со 26,5 отсто е сега владејачката Австриска народна партија, предводена од канцеларот Карл Нехамер.

На трето место со 21 отсто се социјалдемократите – тие го зголемија својот резултат за 1 отсто откако резултатите дојдоа од главниот град Виена.

На четврто место е либералната партија Неос, а по неа се Зелените.

Што е следно?

Во новиот парламентарен состав ќе влезат вкупно пет партии. Сега прашање е како ќе се случи идната влада и кој ќе ја води.

Иако Австриската Партија на слободата освои најмногу гласови, таа нема доволно сама да формира кабинет. И сите други партии се изјаснија дека не сакаат да коалицираат со неа.

Според експертите, многу е веројатно Австрија да се обиде да формира тројна коалиција, бидејќи и втората и третата немаат доволно гласови за формирање независна влада.

Вчера својата изјава ја даде австрискиот претседател. Тој е човекот во чии раце сега лежи одлуката за задачата кому ќе му биде врачен мандатот.

Александар Ван дер Белен рече дека претстојат многу тешки преговори меѓу партнерите, но ќе се погрижи „да се почитуваат основните принципи на демократијата“.