Изгоре автомобил во Скопје, пламените зафатиле уште две други возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Целосно изгоре автомобил во раните утрински часови во Скопје, а пожарот предизвикал штета и на уште две возила, како и на објект и локал во близина. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен околу 04:15 часот на улицата „Џон Кенеди“, каде што од пламен била зафатена возилото „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 34-годишно лице. Пожарот се проширил и на „Мерцедес“ и „Опел“, кои исто така биле оштетени. Од пламените јазици бил оштетен и дел од фасадата на зградата, како и прозорците на угостителски објект кој се наоѓал во близина на местото на настанот. На местото интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои го локализирале и изгаснале пожарот. Надлежните работат на расчистување на причините за пожарот.