Ерменското Министерство за одбрана денеска соопшти дека изгубило секаков контакт со единиците на армијата за одбрана на Нагорно-Карабах стационирани недалеку од Кин Такер и Кчаберд во областа Хадрут.
„Потрагата продолжи во текот на ноќта и утрово, со помош на руските мировни сили, со цел да се утврди дали припадниците на ерменските трупи се заробени. Ако тоа е вистина, ќе бидат преземени сите неопходни чекори”, се наведува во соопштението на ерменското Министерство за одбрана.
