Изјавата на државната секретарката, во која се користи „северномакедонски јазик“ е грешка, вели Сантош Силва

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва за МИА ги коментираше последните случувања околу содржината на португалскиот предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, и додаде дека неговата државна секретарка згрешила, јави дописничката на МИА од Брисел.

Аугусто Сантош Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, за кого ова беше последен ден претседавањето со ЕУ, на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка.

-Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик, рече Силва.