„Изјавата на Заев за зедничка Влада ме изненади, предлогот е нестандарден“, рече Пендаровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стево Пендаровски, претседателот на државата вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 ја коментираше изјавата на премирот Заев за можноста за заедничка влада со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека предлогот е нестандарден, и дека останал изненаден од таа изјава.

„Морам да ви кажам дека и мене таа изјава ме изненади, иако се сметам за некаков хроничар на нашата политика.

Мислам дека неговиот предлог е нестандарден и мислам дека многумина затече, но во суштина многумина не ја сфатија длабочината. Не ги знам неговите мотиви зошто го предложил тоа“, рече Пендаровски и додаде:

„Но постои во неговиот предлог нешто кое сме го немале во целата историја. Во еден момент вели ако јас не чинам, и јас заминувам. Таа реченица не ја кажал никој“, изјави Пендаровски кој на крајот рече дека предлогот вреди да се разгледува.