Изјавуваше дека не го поднесува Трамп, а сега му стана десна рака и еден од најмоќните луѓе во светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Џеј-Ди Венс од жесток противник, стана жесток поддржувач на Доналд Трамп, и станува потпретседател по победата на Трамп на вчерашните избори.

Трамп го одбра својот потпретседателски кандидат во јули, многумина го видоа како потврда за подемот на Џеј-Ди Венс во Републиканската партија.

Трамп и Венс се разликуваат по многу работи. Со децении бизнисменот Трамп јавно се преставуваше како надмоќна личност и води политика во свој стил. Од друга страна Венс преставува сосема поинаква Америка.

Венс во 2016 година во едно интервју кое го даде пред изборите кога кандидат беше Трамп, кој подоцна победи, кажа дека не го поднесува Трамп и дека ќе гласа за Хилари Клинтон.

Во предизборната кампања, Венс беше важен говорник, но предизвика многу контроверзии.

Не долго откако Трамп го избра за свој потпретседателски колега, повторно се појави неговата изјава од 2021 година во која тој ги опиша САД како земја во која управуваат „жени без деца со мачки“. Многу демократи, како и познати личности како Тејлор Свифт, ја осудија изјавата.

Како потпретседател, Венс сега има значителна административна моќ. Во својата улога како претседател на Сенатот, тој може да го даде одлучувачкиот глас во случај на нерешено. Исто така, потпретседателот може привремено да ги преземе сите претседателски должности доколку претседателот стане привремено неспособен за работа.