Излечени повеќе од 24 милиони од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 24 милиони луѓе се опоравиле од светскиот коронавирус, според „Ворлдомерс“.

Според веб-страницата, досега се излечиле 24.074.694 лица во светот од вирусот корона, од вкупно 32.643.232 заразени.

Починаа 990.778 луѓе.

Најмногу заразени и мртви има во САД, каде повеќе од 7,2 милиони луѓе се заразиле со коронавирус, додека починале 207.923 лица.

На второ место е Индија со повеќе од 5,8 милиони заразени, а на трето е Бразил со повеќе од 4,6 милиони заразени.

Во Индија имало 93.374 смртни случаи и во Бразил 140.040 смртни случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.