Излекуваниот доктор Арбен Аголи од Дебар во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 раскажа како успеа да го победи коронавирусот.
„Многу смирено ја примив таа вест. Психички почнав да се подготвувам за тоа што следи, а тоа е 14 дена самоизолација во домашни услови и подлегнување на терапија која ми беше препорачана од колегите од Инфективната клиника“, посочи Аголи.
