Измената на работното време на полицајците предизвика реакција од Независниот синдикат на полицијата. Тие се изјаснија против измената на работните смени од 12 часа на 8 часа, бидејќи ако до сега во текот на месецот до работното место патувале 12 или 13 пати, сега ќе треба да патуваат 21 или 22 пати, што претставува дополнителен трошок.
Претседателот на независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев рече дека ова треба да среди итно бидејќи, како што додаде, полицајците се подготвуваат да земат боледување за да ги избегнат трошоците.
Според Делчев, многу полицајци работат далеку од своите живеалишта и треба да патуваат од 70-80км на ден, како на пример од Гостивар во Ростуше или од Прилеп во Старавина.
