Измените во Законот за трансплатација објавени на ЕНЕР, согласност за донор и кај матичен лекар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Азир Алиу информира дека на ЕНЕР се објавени предлог измените на Законот за трансплантација, со цел поедноставување на постапките за на донирање органи.

Главната промена е тоа што граѓаните ќе можат да дадат согласност за донори преку својот матичен лекар, а се предвидува и создавање на национална листа на донори за потранспарентен и поефикасен систем.

Исто така, се предвидува воспоставување национална листа која ќе ја води Министерството за здравство во рамки на Националниот систем за електронска евиденција во здравството, како и други административно-технички усогласувања на законскиот текст.