„Десетина часа пред Новата година, ова е атмосфера на еден од скопските пазари. Песна, веселба и по некоја брља за да се загреат на овие ниски температури.“
Инаку, анкетираните граѓани новата година ќе ја дочекаат дома. Дел од нив велат дека парите не се проблем, но дека најудобно се чувствуваат во кругот на семејството и со најблиските сакаат да влезат во новата 2026 година.
АНКЕТА
Дома. Има парички за тоа да се пречека? Нема. Малце, слабо.
„Во семејна атмосфера…. Скромно. Што е поскромно, толку е побогат.“
„Еве вака, со другари и пријатели. Ќе се снајдеме. Тој ќе ми даде, овој ќе ми даде, овој вака, оној онака“.
„Со баба.“
„За вечер, ќе дојадат децата, ќе дојдат тоа, она. Има пари за да се прослави? Да, има. Има, дал Господ. За тоа има. За тоа се наоѓа. Ако нема мевце, компири ќе испечеш, испржиш ќе јадеш ќе пиеш.“
„Пари можат да се најдеме, но не одам никаде.“
„Фамилијарно, семејно. Семејно. Што дал Господ, тоа.
Инаку, граѓаните со мешани чувства за 2025 година која полека изминува.
„Лоша.“
„За кого како е. Ми се случија и позитивни и негативни работи. Позитивните работи се има некое подобрување. Ете, синот ќе го женам. Таа е работата“.
„Катастрофа…. Куќата ми се запали, Драгана ми реновираше нешто, горе во село, не е битно, а јас сум од Стајковци“.
„Многу лошо. Зошто? По се“
„Лично добро. Чим си на ноги, чим се движиме, добро е.“
„Како и 24 – та, 23 – та, без некој големи промени. Стандардно се движеше.“
Исто така, не се многумина оптимисти за 2026 година.
„Па поубава да биде, ама не верувам.“
„Прво здравје, среќа и љубов на сите луѓе и тоа им посакувам и сакам и таа желба и мене да ми се оствари.“
Знаеш што очекуван. Ништо. Нула.
„Добро здравје.“
„Најмногу очекувам да ги затворат овие ајдуци, што краделе по милиони. Не овие ситници што крадат по 2.000, 1.000, по кило краставици, кило онакво.“
„На светско ниво, очекуваме да се смират таму. Донекаде, тоа смирување, трајно тешко. А за Македонија? Македонија нема големи промени, тоа ќе биде.“
„Моето чувство најубаво е за 25 – та помина. Овде чекам 26 – та да биде уште поубава. Друго прашање ве молам.“
Инаку, посебна болка за дел од скопјани во оваа 2025 година беше трагедијата во Кочани.
„Лоша, највеќе за Кочани, трагедијата. Таа е најлошо нешто.“
„Како можеш да ја оценуваш со катастрофата во Кочани, што можеш да очекуваш?“
„Ви пожелувам од срце, од убаво поубаво да поминеме. И ја исто…“
