Христијан Мицкоски по денешното гласање истакна надеж дека граѓаните одлучиле за промена. Тој додаде дека во последните денови биле забележани низа нерегуларности, кои оставаат флека на изборниот процес, но и дека тоа е последниот крик на Зоран Заев и власта.
„Денес е денот кога народот гласно ќе зборува. Денес е денот кога обновата победува. Народот масовно излегува на избирачките места и од она кое што можеме да го забележиме, она кое што се коментира помеѓу граѓаните, е дека истиот е подготвен за една голема промена која што ќе се случи токму денеска на 15-ти јули.
Истовремено сакам да истакнам дека сето она кое што се случуваше изминатите денови, бројните нерегуларности ќе остават сериозна трага која што практично ќе биде еден вид флека на овој изборен процес. Но, треба истите тие да знаат дека тоа е последниот крик на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што е во заминување.
Она што е важно е тоа дека победува промената и граѓаните масовно одлучија да гласаат за промена“, рече Мицкоски.
