Доколку се заразите со коронавирус, во изолација нема да поминете 10, туку 7 дена. Предлогот за кратење на периодот за изолација доаѓа од Комисијата за заразни болести, а Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката. Предлогот ќе биде разгледан и на наредната владина седница. Според претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова-Дервишова и 7 дена изолација се многу. Според неа, заразените пациенти со сојот Омикрон треба да останат во карантин само 5 дена.
Лекарката Дервишова вели дека доколку позитивните пациенти немаат симптоми и се работоспособни треба да се вратат на работното место.
Претседателката на Здружението на матични лекари вели дека прашањето околу изолацијата треба да им се препушти на матичните лекари кои ја следат клиничката слика на пациентите и се во постојан контакт со нив. Инаку, во моментов изолацијата за заразените пациентите трае 10 дена, сметајќи од денот кога добиле позитивен резултат.
