Ги повикуваат преживеаните од под еден куп бетон.
Знак за живот… Еден маж се јави.
Оваа станбена зграда во Газа, ја уништи израелска ракета.
„Шукри е жив, нашиот тим разговараше со него. За брзо ќе го извлечеме. Се надевам дека е жива и неговата сестра Зејнеп и дека и неа ќе ја спасиме“, истакна Ахмад Мечдад.
Има ти такви кои не преживеаа.
Работата на спасувачите е напорна. Преживеаните ги изглекуваат со свои раце. Мора да се осигураат дека нема никој веќе жив, пред да започнат со работа багерите.
„Сè уште не знаеме уште колку луѓе има под урнатините, од она што го слушнавме од роднините и соседите ги има многу“, вели Алаа Неази.
Според бројот на луѓе кои се под урнатините, очигледно е дека немало јасно и навремено известување да ги напуштат зградите пред уништувањето.
Вчерашниот напад врз појасот Газа претставува најсилен досега од страна на Израел. Во експлозија загинаа 21 лице од иста фамилија.
