Израел возврати со проектили кон цели во Либан денеска откако беа лансирани четири ракети кон Израел од либанска територија, соопшти израелската војска.
Израелската ПРО пресретнала еден од проектилите и „остатокот најверојатно паднал во отворени области“, соопшти војската. Ракетите предизвикаа сактивирање на сирените за воздушен напад во северниот израелски град Хаифа и областите на исток.
Безбедносни извори во Либан потврдија дека четири ракети биле лансирани кон Израел од Седикине, село во регионот на јужниот крајбрежен град Тиран во Либан.
Засега не е јасно кој ги испукал ракетите и нема извештаи за штета на двете страни.
Тоа е трет инцидент со ракетни истрели од Либан по разгорување на непријателствата меѓу Израел и палестинските милитанти во Газа на 10 мај.
