Израелската војска соопшти дека започнала „голем бран напади врз инфраструктурата на Хезболах во областа Дахија во Бејрут“, додека операциите за пресретнување на ракетите сè уште се во тек, објави Би-Би-Си.
Портпарол на израелската војска ги повика жителите на јужните предградија на либанскиот главен град веднаш да се евакуираат.
Би-Би-Си објави дека портпарол на израелската војска вечерва изјавил дека земјата е подготвена да ја продолжи војната со Иран „колку што е потребно“, цитирајќи го Ројтерс.
Слични пораки дојдоа и од неколку израелски функционери, вклучувајќи го и министерот за одбрана Израел Кац претходно во текот на денот, кој рече дека војната „ќе трае бесконечно“.
