Израел засекогаш ќе биде исклучен од Евровизија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учеството на Израел на овогодинешната Евровизија  предизвика многу контроверзии поради војната во Газа, што доведе до серија протести во Малме, Шведска. Дополнително, Израел може трајно да биде исфрлен од натпреварувањето, но поради други причини.

Според шведскиот „Афтонбладет“, Израел се соочува со можност да не учествува на Евровизија 2025 поради предложениот закон од израелската влада. Министерот за комуникации Шломо Кархи предложи во израелскиот парламент Кнесет закон за приватизација на националниот радиодифузер КАН. Доколку законот биде усвоен, Израел би можел да го загуби членството во Европската радиодифузна унија (ЕБУ), што автоматски би значело исклучување од изборот за песна на Евровизија, пишува „Јерусалим пост“.

Предлогот веќе доби поддршка во Кнесетот и беше усвоен на првото гласање одржано на 27 ноември. Конечното гласање за законот се очекува на почетокот на јануари.

Министерот Кархи одби да ја коментира изјавата на ЕБУ дека Израел ќе биде исклучен од натпреварувањето „песна за Евровизија“ доколку законот биде усвоен.