Израелската армија уништи зграда со канцеларии на АП и Ал Џезира во Газа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Израелската армија во денешниот воздушен напад уништи 13-катна зграда, во која се сместени канцелариите на катарската телевизија Ал Џезира и американската новинска агенција Асошиејтед прес во Појасот Газа.

Израел „ја уништи кулата Џала во Појасот Газа, во која се наоѓа канцеларијата на Ал Џезира и канцелариите на други меѓународни медиуми“, објави на Твитер „Ал Jезира“, а новинар на АП рече дека армијата го предупредила сопственикот на зградата пред да биде изведен нападот.