Израелски воени авиони извршија напади во северниот и централниот дел на Појасот Газа, јави Агенција Анадолија. Засега нема информација за евентуални жртви или повредени.
Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае на неговиот профил на социјална мрежа објави дека воените авиони и хеликоптери нападнале место за производство на ракети и воена позиција на Хамас.
– Нападот е извршен како одговор на ракетата лансирана од Газа кон Израел минатата вечер, изјави тој. Израелската војска соопшти дека ракетата паднала на отворена област во Израел.
Ниту една група во Газа досега не презеде одговорност за нападот.
