Израелски политичар насилно отстранет од парламентот затоа што зборуваше за злосторствата во Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Ерусалим, пред два дена се случи инцидент во Кнесетот, израелскиот парламент.

Ајман Одех, член на опозициската партија Хадаш, која ги обединува Арапите и Евреите, остро ја критикуваше од говорницата израелската воена офанзива врз Појасот Газа.

„Војната трае веќе година и пол, во која убивте 19.000 деца, 53.000 жители на Газа, ги уништивте сите универзитети и болници. И за вас нема политичка победа. Чувствувате дека нема политичка победа. Затоа полудувате“, рече Одех, кој беше исвиркан од некои од пратениците за време на неговиот говор, а потоа насилно однесен од стражарите и спречен да продолжи да зборува.

Во последните недели, Израел ги интензивираше нападите врз Газа, која е загрозена од огромна хуманитарна криза поради глад, а Израел не дозволува значителна помош да влезе во палестинската енклава. Од почетокот на војната во Газа по терористичкиот напад на Хамас врз Израел во кој беа убиени 1.300 луѓе, а неколку стотици беа приведени, повеќе од 50.000 луѓе се убиени во израелското бомбардирање на Газа, од кои огромното мнозинство се деца, жени и цивили.