Изречена пресуда – еве какви казни доби велешката група која организираше забави и под закана вршеле полови дејствија врз дете

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попладнево е изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ со дете-жртва.

Според неа, 5 лица се обвинети за трговија со дете, 6 лица се за полов напад и силување, додека пак 1 лице е за снимање порнографија.

  • С.Д. – обвинет на 5 години и 6 месеци
  • Д.С. – 4 години и 6 месеци
  • Д.Н. – 4 години и 6 месеци
  • Т.И. – 4 години
  • С.Н. – 4 Години
  • А.Ф. – 1 година и 6 месеци
  • Б.Ф. – 1 година и 6 месеци
  • А.З. – 1 година и 6 месеци
  • Т.Л. – 1 година и 6 месеци
  • Р.В. – 1 година и 6 месеци
  • Х.Т. – 1 година и 3 месеци
  • Б.К. – условна казна од две години

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.

Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица.