„Ја продадовте куќата“, ѝ рече Стојановска на Петровска и ѝ даде поклон со црна панделка! „Не драмете“, врати Петровска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска и на СДСМ Славјанка Петровска, вечерва дебатираме во „Клик Плус“ на ТВ21.

На моменти има и остри зборови упатени една на друга.

Една од темите беше и законот за армијата кој беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа Стојановска се „сврте“ и кон промената на името на земјата.

„Сум гласала за тој закон, поради поволнистите на армијата која што е меѓу последните“, рече Стојановска и додаде:

„Еве ќе ви ги дадам стенограми, гласање за сите четири амандмени за промена на Уставот заради промена на името. Врзани се со црна панделка. Ова е поради тоа што вашите колеги го погазија мнозинството во државата, и покрај референдумот кој не успеа, го сменија името на државата“, додаде Стојановска.

„Не драмете“, врати Петровска.

Продолжи дебатата со обвинувања од страна на Стојановска.

„Ја продадовте куќата колешката, а не ни дадовте имотен лист. ЕУ која ја ветувавте со промена на името никаде ја нема“, рече пратеничката од редовите на ВМРо-ДПМНЕ.