Јагуар до 2025 година ќе стане целосно електричен бренд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јагуар најави дека до 2025 година планира да стане целосно електричен бренд.

Јагуар ќе почне да произведува само електрични автомобили во рамки на својата стратегија „ Reimagine“.

Планот е до 2025 година да стане целосно електричен бренд, без понуда на модели со мотори со внатрешно согорување, а нема да има дури ни хибриди.

Исто така, Ровер се насочува кон електрификација, а во периодот од пет години се очекуваат шест нови модели, почнувајќи од 2024 година. Ленд Ровер планира да произведува околу 60 отсто од своите автомобили во целосно електрична форма до 2030 година.

Јагуар Ленд Ровер групацијата ќе користи три платформи компатибилни со целосно електричен погон.

Јагуар планира да вложи 3 милијарди долари во новата стратегија, а одвоени се 48,7 милиони долари за плаќање казни поради тоа што не се исполнети целите за емисии на штетни гасови во ЕУ за 2020 година.