Ивица Јаќимовски, од Градежна комора при Сојузот на стопански комори вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека исплатливо е да се изнајмува недвижност односно стан на ден.
„Трендот и насоката во која што се управуваат недвижностите е рентање на дневна основа која што на дневна основа, бројките се сосема спротивно од месечно ниво затоа што тоа е долгорочен закуп а дневна основа е рента“, вели Јаќимовски.
Сепак, од друга страна пак, Слободан Митровски, од агенција за недвижности „Асторија“ не се согласува со ваквиот став на Јаќимовски.
„Во однос на изнајмување кај нас тоа пазар нема, да не се лажеме, пазар за изнајмување нема, поготово дневна основа да ги видите цените, тоа е трагедија да се даваат становите, по 40 евра оди стан, три дена ќе влезе во стан за 120 евра, а му дава стан од 200 илјади евра со опрема внатре, после три дена знаете како го наоѓате станот?“, рече Митровски.
