Јаковлевска: Македонија многу лошо се држи во оваа ситуација, треба да реагира како Албанија или Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешната дописничка од Белград, Лилјана Јаковлевска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Македонија многу лошо се држи во ситуацијата меѓу Косово и Србија.

Според неа, земјава треба да реагира како Албанија или Хрватска.

„Мора да застане и да заземе свој став на сето ова. ДОста е веќе тој наш став дека ние ако не сме со Србите, албанското прашање ќе ни измакне или ќе биде вака и онака. Македонија со еден збор се уште води просрпска политика“, порача Јаковлевска.