Јанчев на ФБ: Ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев преку Фејсбук се огласи по повод натпреварот помеѓу Тиквеш и Гостивар.

„После целиот “циркус” на фудбалскиот терен, сепак Господ е на страната на правдата. Иако имаше 2 исклучени играчи, ГФК Тиквеш 1930 го израмни резулатот на 2-2. Со ваквото однесување на ФФМ, кое е срамно и жално за македонскиот фудбал, се оди само во стечај. Иако резулатот е нерешен, ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии. Напред момци!“, објави Јанчев на Фејсбук.

Претходно тој влета на терен со цел да се пресмета со судијата.