Јанушев: СДСМ и Заев имаат листа за пораз со истрошени и компромитирани кадри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изборот на носители на листи и листата за пратеници на престојните избори, ги коментираа од ВМРО-ДПМНЕ, поточно од генералниот секретар Игор Јанушев.

„СДСМ вчера ги престави пратеничките листи кои не се ништо друго, освен спас на политичката кариера на криминално рекетарската банда на чело со Заев.

Ова е листа за пораз. Заев настапува со стари истрошени и компромитирани кадри на кој сака да им обезбеди пратенички имунитет зошто така мислат дека нема да одговараат. Нема никаква свежина и ниту еден нов лик. Тоа е приказ за атрофирана партија која не извлекува поука од граѓаните.

Само ако ги погледнеме носителите на листите на СДСМ веднаш станува јасно дека главни критериуми за избор биле неспособноста или пак тоа кој колку повеќе штета и направил на државата.

За Зоран Заев и неговата криминалност може да се зборува со часови, но само да споменеме дека тој во моментов е единствениот аболициран политичар, кој ја искористи премиерската позиција да обезбеди дополнително уште неколку повлекувања на обвиненија за очигледен криминал.

Следна во редот е Радмила Шекеринска, истрошен кадар од времето на транзицијата. Верувале или не но Шекеринска во моментов е единствениот политичар од времето на криминалната приватизација и транзиција од деведесеттите. Дополнително, токму Шекеринска е посочувана и за еден од најголемите поддржувачи на Боки 13, што отвора сомнежи дека и таа дел од криминално рекетарскиот октопод.

Никола Димитров е приказна за себе. Тој е ликот кој од крајот на деведесеттите со својата политика на свиткана кичма и сервилност дојде до врвот на својата кариера, да биде носител на листа на СДСМ. За негова поткрепа Заев му ја постави својата миленичка Мила Царовска. Токму заради разобличувањето на нелегалните активности на Мила Царовска, Заев нареди разрешување на техничката министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи со што директно го сруши еден од принципите на моделот на Пржинска влада пред изборите.

Следен е Оливер Спасовски, кој јавноста го запамети како најнеуспешните министри за внатрешни работи кој нема запленето ниту еден грам кокаин во неговиот мандат, но и во чие време се случија низа на нерасчистени убиства, запалени возила, тешки разбојништва икриминали.

Носител на листа на СДСМ е и Љупчо Николовски. Тој е поранешен министер за земјоделие кој што ги разочара земјоделците и кој сакаше да прави кариера врз нивната мака и труд. Поради неговите погрешни политики земјоделците беа принудени да го фрлаат својот род, наместо да го продаваат.

За изборот на Зоран Заев на листата да ги стави и Зеќир Рамчиловиќ и Панчо Минов оставаме да судат граѓаните, а посебно членовите на СДСМ. За нас тоа се лицата кои го погазија зборот и довербата на граѓаните и се одлучија да бидат верни слуги на погрешните политики на Заев кои ја силуваа волјата на народот.“, рече Јанушев.